Кучиња-скитници искасаа три лица во Ѓорче Петров и во Гази Баба

Малолетник и двајца скопјани беа каснати од кучиња-скитници во три одвоени напади во скопските општини Ѓорче Петров и во Гази Баба.

-На 28.07.2023 во 12:00 часот во Полициската станица Ѓорче Петров А.Љ.(47) од Скопје пријавила дека на ул.„Наум Чакарев“ нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник. Истиот ден во 14:23 часот во Полициската станица Ѓорче Петров Д.И.(51) од Скопје пријавил дека на ул.„Георги Казепов“ бил каснат од куче скитник, се наведува во информацијата.

На 28.07.2023 во 13:40 часот во Полициската станица Гази Баба Б.П.(69) од Скопје пријавил дека на ул.„Лазар Поп Трајков“ бил каснат од куче скитник.

Претходна вестКриумчар на мигранти приведен на ГП „Богородица“ откако се обидел да помине со фалц-документи
Следна вестКалин Ивановски избори финале на турнирот во Австрија