Кумановец со моторна пила му се заканувал на скопјанец во охридски авто камп

Жител на Грчец кој престојувал во авто камп во Охрид пријавил дека кумановец му се заканувал со моторна пила.

-Во вторникот во 19.48 часот во СВР Охрид, В.А.(61) од Куманово, со престој во Охрид, пријавил дека во авто камп во Охрид бил физички нападнат од Б.А. од Скопје, кој употребил тврд предмет. Исто така во 22.30 часот Х.Б.(18) од село Грчец, скопско, пријавил дека В.А. му се заканувал со моторна пила и бил каснат од кучето на В.А., информираат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Претходна вестСе чествува Свети Јоаким Осоговски, светител кој се препознава и по чувениот манастир
Следна вестМНР на Бугарија: И со службена и со редовна влада нема репреговарање на договореното со С. Македонија