Кумановец доби 30 дена притвор поради 15 грама марихуана

Триесет дена притвор му е определен на 23-годишен кумановец кај кого полицијата нашла вкупно 15,77 грама марихуана. Притворот е определен по барање на кумановското Основно јавно обвинителкство откако полицијата ја нашла оваа лесна дрога кај ово лице. Тој ќе одговара за кривичното дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

-Осомничениот од јануари до август 2020 година, неовластено заради продажба држел наркотична дрога – марихуана, спакувана во најлонски пакувања. При три одделни настани, при претрес, кај осомниченот, како и во негoвото возило, биле пронајдени различен број пакувања со марихуана, сите во вкупна нето маса од 15,77 грама, соопшти Обвинителството. 

Претходна вестСончево со раст на температурите
Следна вестЕксперти советуваат: Прскањата не се доволни, со комарците да се справуваме додека се во леглата во водите