Кумановец со иницијали К.М. (24), околу 1 часот на 20 ноември, во полиција пријавил дека непознат сторител предизвикал пожар во неговата куќа и куќата на неговиот татко.
Како што информираат од МВР, пожарот бил изгаснат од сопствениците на куќите, а извршен бил и увид од екипа на СВР Куманово.
Полицијата работи на расчистување на случајот.