Кузеска: Пендаровски ќе понуди напредок на државата, Давкова само блокади и уназадување

Синоќа, владејачката СДСМ на конгрес го потврди актуелниот претседател на Македонија, Стево Пендаровски за кандидат на идните претседателски избори. Денес, портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска имаше прес-конференција на која се осврна на кандидатурата на Стево Пендаровски.

– Ако Стево Пендаровски изминативе годни беше претседател на државата, Силјановска е пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, но ние досега воопшто не видовме некаква заложба од нејзина страна дека сака земјата да биде членка на Европската Унија, рече портпаролката на СДСМ , Богданка Кузеска, во утринската емисија на ТВ Клан.
-Не само што не видовме никаква заложба за влез во ЕУ, туку Давкова се уште ги подржува луѓето, кои кажаа дека дури и за 100 години нема да бидеме во Европска унија. Таа ги подржува оние кои во слични вакви емисии кажаа дека доколку ЕУ не ги дели вредностите на ВМРО ДПМНЕ, тогаш нема да влеземе во ЕУ, рече Кузеска

Таа потенцираше дека граѓаните во изминативе години можеа да видат како се претставиле и Пендаровски и Давкова и дека тоа што досега го работеле е тоа што тие и ќе им го понудат на граѓаните.

-Пендаровски ќе го понуди напредокот и европска перспектива на државата, а Давкова ќе понуди повторно блокади, кочење и уназадување на државата, рече Кузеска.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: СДС и Маричиќ да кажат каде на друго место во ЕУ, државно возило и шофер се користи за партиски активности?
Следна вестМирен протест на синдикатите на пет јавни универзитети поради непотпишување на колективните договори