Лабуристите со убедлива победа на изборите во Британија, Стармер со апсолутно мнозинство

Британските лабуристи ја однесоа најубедливата изборна победа во последните 192 години. Првичните резултати по сè уште нецелосно обработени гласови од вчерашните општи избори во Велика Британија покажуваат дека Лабуристичката партија на Кир Стармер освои апсолутно мнозинство во Долниот дом на британскиот парламент.

Според проекциите, лабуристите ќе освојат 410 мандати во 650-члениот британски парламент. Доколку прогнозите се покажат точни, тоа значи дека Кир Стармер ќе стане новиот премиер на Велика Британија.

По 14 години на власт, конзервативците ќе заминат во опозиција и според излезните анкети, ќе паднат на 131 пратеник, што е нивниот најлош изборен резултат во повоената историја.

Лидерот на лабуристите, кој се очекува да биде идниот британски премиер, синоќа ѝ се обрати на јавноста со ветување дека неговата влада секогаш ќе ја става државата на прво, а партијата на второ место.

-Успеавме, вие се залагавте, се боревте за тоа, гласавте и сега стигна. Промената започнува сега.Променетата Лабуристичка партија е подготвена да ѝ служи на нашата земја, да ја направи Британија повторно сервис за работните луѓе. Сега можеме повторно да се радуваме, на светлината на надежта, на почетокот слабо, но станува се посилни како што одминува денот, рекол Стармер.

Сè уште актуелниот премиер на Британија, Риши Сунак, го призна изборниот пораз.

-Лабуристичката партија победи на овие избори. Ја преземам одговорноста за загубата. Денес власта ќе се смени на мирен и уреден начин, со добра волја од сите страни. Тоа е нешто што треба да ни даде доверба на сите во стабилноста и иднината на нашата земја, рече Сунак и додаде дека му се јавил на лидерот на лабуристите Кир Стармер за да му ја честита победата.

 

Претходна вестНастов е нов директор на „Св. Наум Охридски“, Хаџиангелковска на Психијатрија, Папастиева на Гинекологија…, Таравари именуваше 11 директори
Следна вестКостадиновски: Основите за престанок на мандат на уставен судија ги уредува Уставот