Лани во Македонија биле изградени 3.445 станови а од тоа во Скопје 2.061, соопшти Државниот завод за статистика.
Завршените 3.445 станови се со вкупна површина од 243.815 метри квадратни. Меѓу нив, 3.415 се во индивидуална сопственост. Просечната корисна површина на завршените станови е 70,8 квадрати.
Најмногу се градело и се изградило во Скопскиот регион – вкупно 838 градежни објекти, од кои 579 во индивидуална сопственост. Притоа, завршени се 2.061 стан, со вкупна површина од 139.078 квадрати. Предничи скопски Центар со 646 новоизградени станови во 2023 година.
Во Пелагониско се работело на 361 градежен објект. Завршени се 212 станови, сите во Битола. Следува Југозападниот регион со 291 градежен објект и со 205 завршени станови. Најголемата активност, според изградените 140 станови, била во Охрид,
Најмалку, пак, градежни работи од овој вид имало во Североисточниот регион. Резултатот е 81 стан, сите во Куманово. Инаку, градени се 133 објекти.