Лани во САД се самоубиле 49.449 лица

Ланската година била загрижувачка во САД. Имено, дури околу 49.500 луѓе си го одзеле животот минатата година во оваа голема држава. Тоа е најголем број самоубиства за една година во таа земја од почетокот на Втората светска војна, соопшти американскиот Центар за контрола и превенција на болести.

Тамошните експерти предупредуваат дека самоубиството е комплициран феномен и дека неодамнешните зголемувања би можеле да бидат поттикнати од голем број фактори, вклучувајќи повисоки стапки на депресија и ограничена достапност на услуги за ментално здравје.

Инаку, податоците сугерираат дека бројот на самоубиства во 2022 година се зголемил за повеќе од 1.000 на 49.449, што е зголемување за околу 3 отсто во однос на претходната година.

Истражувач во американската Фондација за превенција од самоубиства, Џил Харкави-Фридман, изјавил дека главниот двигател на самоубиствата е и зголемената достапност до оружје.

Претходна вестРусија ја лансираше првата мисија на Месечината по речиси 50 години
Следна вестСпасовски се пофали: Корупцијата е намалена за 22 отсто