Лавров: Имаме пријателски чувства кон македонскиот народ, Западот ги подбуцнува народите на Балканот

Балканот има проблеми поради однесувањето на Западот, оценува министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров. Тој ова го изјави денеска во Скопје на прес конференција, на која се осврна и на Македонија.

На прашање за македонско-бугарските односи Лавров истакна: „Не сум голем експерт за македонско-бугарските односи, можам само да кажам дека луѓето во Македонија имаат целосно право да бидат еднакви во сите активности на нашиот заеднички континент. И не само за односите меѓу Бугарија и Македонија, туку за сите балкански земји. Би рекол дека коренот на сите балкански проблеми лежи во однесувањето на западните сили, особено за државите од поранешните југословенски држави“.

За Македонија, истакна дека со години имала понижувачко име, а рече и дека знае како ја добила придавката „северна“.

-Се сеќавам дека со години Македонија беше нарекувана Поранешна југословенска Република Македонија и ова беше понижувачко име, а знаеме и што се случи со името Северна Македонија. Се сеќавам и дека претседател на македонското собрание имаше фотографии со албанско знаме, направени во канцеларијата во Парламентот, рече Лавров.

Тој истакна дека оправдува етничките групи на Балканот да живеат мирно едни со други, а дека Западот ги подбуцнува народите едни со други. Лавров ги охрабрува етничките групи на Балканот да живеат мирно и да ги  сузбијат сите националистички амбиции. Ги повика и да не се приклучуваат кон санкциите кон Русија, како што рече, само за да исполнат одредени западни амбиции.

Рускиот министер ги нагласи пријателските чувства кон македонскиот народ.

-Имаме пријателски чувства кон македонскиот народ. Овде сум два дена, го гледам вашиот народ на улиците, во хотелот. Можам да ја почувствувам нивната топлина, но и нашата кон вас, потенцира Лавров.

Во врска со состанокот во ОБСЕ тој истакна дека западните делегации намерно ја организирале вечерата да се одржи пред тој да стигне во Македонија. Според него Организацијата била деградирана во неколку области.

 

Претходна вестПораз со двоцифрена разлика за Пелистер во Полска
Следна вестСоздадени мали роботи од човечки клетки