Густ црн чад претпладнево се издига кај спортската сала „Борис Трајковски“. Фотографии од овој немил настан се делат на Фејсбук, а една ни беше испратена и во редакцијата.
Засега не е познато што гори, но искуството ни зборува дека повторно гори полудувата огромна депонија која е салата и Вардар. Неколку пати тука имаше големи пожари кои го гушеа Карпош.
Безброј пати се ветуваше од општината и Град Скопје дека овој простор ќе биде исчистен и среден толку многу што на него ќе може да се спортува и шета.
Засега таму шетаат пиромани, а околу и по некој лажго.