Лажго шета, а густ чад повторно го стави Карпош на мета

Густ црн чад претпладнево се издига кај спортската сала „Борис Трајковски“. Фотографии од овој немил настан се делат на Фејсбук, а една ни беше испратена и во редакцијата.

Засега не е познато што гори, но искуството ни зборува дека повторно гори полудувата огромна депонија која е салата и Вардар. Неколку пати тука имаше големи пожари кои го гушеа Карпош.

Безброј пати се ветуваше од општината и Град Скопје дека овој простор ќе биде исчистен и среден толку многу што на него ќе може да се спортува и шета.

Засега таму шетаат пиромани, а околу и по некој лажго.

Претходна вестКазнети 525 лица, не носеле заштитни маски
Следна вестЕхх, да може Гоце Делчев да стане па да им објасни на Заев и Мицковски…