Скопјанец вчера во полиција лажно пријавил дека две лица со комбе „мерцедес“ се обиделе да грабнат малолетничка но не успеале. Тој во полициска станица признал дека го измислил настанот, водејќи се од лажните објави кои деновиве се споделуваа на социјалните мрежи за наводни киднапери.
– Вчера (16.11.2023) полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Џ.Г. (53) од Скопје поради лажно пријавување. Имено, вчера околу 19 часот Џ.Г. во СВР Скопје пријавил дека наводно во Скопје две лица со комбе „мерцедес“ се обиделе да грабнат малолетничка, но не успеале.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници преземале соодветни мерки и активности и утврдиле дека пријавата е лажна односно нема таков случај. Потоа, со пријавителот е извршен службен разговор во кој тој признал дека го измислил настанот, водејќи се од лажните објави кои деновиве се споделуваа на социјалните мрежи за наводни киднапери, информираат од МВР
Во консултација со ОЈО Скопје, Џ.Г. е лишен од слобода и против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.