Темно Режим Светло Режим

Лажно се претставиле дека се полицајци и одзеле пари, двајца државјани на Турција ограбени во Гостивар

Вчеравечер во 20 часот и 20 минути во СВР Тетово, 23-годишниот С.А. и 29-годишниот Б.Г. од Република Турција, со времен престој во Гостивар, пријавиле дека околу 5 часот и 30 минути во близина на мостот на Вардар во Гостивар, две лица, кои со возило им го пресекле патот, лажно им се претставиле дека се полициски службеници и им одзеле пари, извести СВР Тетово.
Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Тројца скопјани пријавиле каснувања од улични кучиња

Следниот Пост

Донесен нов правилник за штипските ученици