Коалициските партнери ЛДП и ДОМ денеска соопштија дека преку своите пратеници во парламентот, имајќи ја предвид енергетската криза, но и последиците врз животната средина, ќе побараат законски измени кои се однесуваат на „копањето“ криптовалути.
-Во време на енергетска криза недозволиво е да се троши струја за производство на криптовалути за лично богатење на поединци. Бидејќи криптовалутите се прогласени за неприфатливи за животната средина, пратениците дополнително ќе бараат и законска регулација бидејќи употребата на струја од фосилни горива како што е случајот во моментот ја загадува животната средина, велат од ЛДП и ДОМ .
Од партиите нагласуваат дека најнапред ќе извршат консултации со стручната фела и дека најдоцна за една недела ќе побараат регулација преку законски измени кои ќе ги достават пратениците.
Копањето криптовалути последниве години стна главна занимација во речиси сите земји во светот, па и кај нас, а се зборува за големи зарабтки. За овој бизнис потребен е компјутер, вклучување во посебни мрежи, но се троши големо количиество електрична енергија.