ЛДП ќе делува независно, Зајкова го преживеа изборниот пораз

Либерелно-демократска партија во иднина ќе делува независно, а досегашната претседателка Моника Зајкова и натаму ќе биде на чело на партијата, одлучи синоќа партискиот Централен одбор на првата седница по поразот на парламентарните избори.

Разгледан е Извештајот за подготовките, настапот и резултатите на партијата за претседателските и за парламентарните избири 2024 година доставен од страна на Централниот изборен штаб. Централниот одбор го усвои извештајот, а биле детектирани и укажано на слабостите кои се појавиле во текот на кампањата.

-ЛДП во парламентот ќе дејствува независно како и досега, а ќе дадат поддршка на се што значи напредок на државата на реформскиот и евроинтегративниот пат и ќе носи добробит на граѓаните. Ќе бидеме и гласни критичари на сите закони и политики кои се лоши за државата и ја враќаат назад, соопштија од оваа партија.

ЦО го овласти Генералниот секретар да организира посета на членовите во секоја општинска организација со цел изготвување на темелна анализа за натамошното дејствување и политики на партијата.

Претседателката Зајкова ги демантираше информациите дека партијата размислува да премине кон мнозинството во Собранието. Во изјава за медиумите дадена вчера попладне пред почетокот на седница на Централниот одбор на партијата, Зајкова рече дека засега ќе делуваат независно и дека ќе дадат поддршка на оние закони кои се да добробит на општеството.

-Партијата ги демантираше ваквите шпекулации уште пред конститутивната седница во Собранието. Денес ќе носиме одлука за тоа каде членовите ја гледаат партијата во иднина. Ова е либерална и демократска партија во која не одлучува само раководството, туку се слуша гласот на членството, каде тие сметаат дека ЛДП треба да дејствува. Дотогаш ЛДП ќе дојствува независно и како и досега ќе дава поддршка на сѐ она што значи реформаторски, добри закони кои овозможуваат напредок на општеството, но ќе биде и критичар на она што значи недобра политика за државата или граѓаните. Не може ЛДП да не даде поддршка на она што значи кратење на одредени органи од јавната управа или реорганизација, нешто што и самата го ставила во програма, рече Зајкова.

Претходна вестИсториска пресуда во САД: Доналд Трамп прогласен за виновен за поткуп на порно ѕвезда
Следна вестПротест во Аеродром, граѓаните не сакаат бетонизација на населбата Лисиче со новиот  ДУП