ЛДП со ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса ги симнаа законите за отпад од Комисија- ова ли е тоа „нож во грб“?

Предлог – законите за управување со отпад и за управување со пакување и отпад од пакување, обележани со европско знаменце, како дел од европските директиви, се симнати од дневен ред на денешната седница на собраниската Комисија за европски прашања, откако членот на владејачката ЛДП Моника Зајкова гласаше заедно со претставниците од ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса и со 8 гласа „за“ ги надгласаа СДСМ и ДУИ.

Од СДСМ велат дека се изненадени од ваквиот потег, бидејќи не дале објаснување ниту најавиле нешто дека ќе имаат спротивен став и најавуваат дополнителни разговори.

Но, од ЛДП велат дека апсолутно не станува збор за никакво надгласување, туку дека тоа е нивната политика за јавни расправи со цел да се слушнат мислењата на сите релевантни чинители. Кога е животната средина во прашање сите заедно сме одговорни и нема политика, велат од ЛДП.

-За нас е многу важна заштитата на животната средина и затоа сметаме дека е здраво за демократијата во Собранието да се слушне гласот на екологистите, велат од ЛДП.

Од партијата која е дел од владејачкото мнозинство, исто така го посочуваат бараањето од над 30 здруженија кое стигнало до пратениците ЛДП како претставници на граѓаните, за одложување на второто читање на Законот за управување со отпад и Закон за управување со пакување и отпад од пакување и претходно да се организира јавна расправа за тоа, кое исто ака беше испратено и до медиумите.

 

Претходна вестСтигнаа 100 илјади вакцини „Астра Зенека“ од Грција – ќе има ли кој да ги прими
Следна вестНема нови случаи со делта-сојот, ама има сомневања за заразени со јужноафриканскиот