Лефков: Власта подготвуваплан за отфрлање на иницијативата за референдум

Власта подготвува план за да биде отфрлена иницијативата за референдум предупредува пратеникот на ВМРО ДПМНЕ, Миле Лефков.

-Во таквото сценарио главна улога треба да одигра Талат Џафери, кој само ќе го спроведе даденото од Ковачевски. Власта знае дека огромно мнозинство од народот кој ќе излезе на Референдум ќе гласа за поништување на договорот со Бугарија, и затоа бега. Народот ќе излезе на референдум затоа што знае дека договорот со Бугарија е коренот на сите негации на македонскиот јазик, историја, идентитет. Референдум мора да има, затоа што тој е највисока форма на демократија. Апелираме до антимакедонската СДС и Ковачевски, да не се дрзне да го помножи народот со нула. Дополнително, ако власта верува дека договорот со Бугарија е добар и тој наоѓа на поддршка кај народот, тогаш зошто се плаши да го стави истиот на референдум? Или пак признаваат дека лажат и манипулираат целиот овој период, и потпишале договор кој не е согласно волјата на народот, вели Лефков.

Тој додава дека ВМРО-ДПМНЕ даде уште една понуда до власта, ако е уверена во своите политики и поддршката кај народот, тогаш заедно со референдумот да се оргнизираат и предвремени парламентарни и претседателски избори. Според него СДСМ се плаши бидејќи 60 проценти од Македонците ќе излезат на референдум.

 

Претходна вестАлкохолизирани на волан: 12 тетовци и гостиварци останаа без возачки дозволи синоќа
Следна вестУбиениот кавадарчанец прво бил избоден, а потоа запален