Сончево и многу топло време со мала локална облачност ќе преовладува денеска во скопското подрачје. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 38 степени што е знак дека летото конечно стаса на нашето подрачје.
И во останатиот дел од Македонија исто така, ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Во попладневните часови на планинските места ќе има услови за локален краткотраен дожд и грмежи.
Утре и во среда ќе имаме претежно стабилно и многу топло време со максимални дневни температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 38 степени.