Летото конечно стаса: Сончево и многу топло време

Сончево и многу топло време со мала локална облачност ќе преовладува денеска во скопското подрачје. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 38 степени што е знак дека летото конечно стаса на нашето подрачје.

И во останатиот дел од Македонија исто така, ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Во попладневните часови на планинските места ќе има услови за локален краткотраен дожд и грмежи.

Утре и во среда ќе имаме претежно стабилно и многу топло време со максимални дневни температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 38 степени.

Претходна вестИзложба на Марија Светиева од утре до 15 јули во галерија „Кора“
Следна вестСамо ќе се бројат малолетниците фатени со марихуана или и ќе се преземе нешто?