Левица: Дали над 50 вработени во ДИК не одат на работа и само ги цицаат народните пари?

Дури 80% од подрачните канцеларии на ДИК не работат, тврдат од политичката партија Левица врз база на истражувањето кое ги направиле од оваа партија. Тие го запрашаа претседателот на ДИК, Александар Даштевски дали над 50 вработени во ДИК не одат на работа и само ги цицаат народните пари?

По континуирани поплаки од страна на граѓани дека подрачните канцеларии на ДИК во тек на работни денови од 8:30 до 16:30 не се отворени и дека телефонските броеви кои што се објавени на страната на ДИК за контакт со граѓаните или се исклучени или никој не се јавува, Левица како најтранспарентна партија се одлучи да ги провери дојавите од граѓаните и дојде до следните алармантни констатации, соопштуваат од партијата.

– По извршената телефонска проверка во текот на изминатите денови од страна на членови на политичата партија Левица се исконтактирааа сите 34 подрачни канцеларии на ДИК од 14 до 15 часот, од кои само 7 подрачни канцеларии одговорија на повикот. Тоа се ПК во Центар, Гази баба, Гевгелија, Валандово, Кичево, Берово и Охрид.

Во сите останати подрачни канцеларии на ДИК во: Македонски Брод, Кочани, Виница, Делчево, Струга, Радовиш, Велес, Кавадарци, Неготино, Штип, Пробиштип, Свети Николе, Битола, Ресен, Демир Хисар, Гостивар, Куманово, Крива Паланка, Кратово, Прилеп, Крушево, Тетово, Карпош, Чаир и Кисела Вода телефонските броеви или се недостапни, исклучени или никој не се јавува и тоа по неколку обиди на телефонско јавување“, информкира Левица за своето истражување.

Тие јавно го запрашаа претседателот на ДИК, Александар Даштевски:

– Дали работат подрачните канцеларии кои се напоменати? И ако ДА, тогаш кои денови и кога им е работното време?

– Дали е точна информацијата дека секоја подрачна канцеларија брои 2-3 вработени? Ако е така, дали над 50 вработени во ДИК не одат на работа и само ги цицаат народните пари?“, прашуваат од Левица.

Претходна вестСо правење поделби ли Пендаровски и Ковачевски ќе градат заедништво?
Следна вестФФМ со поддршка на УЕФА: Со цело срце против Суперлига