Левица: Касами го реновира стадионот во Тетово само за потребите на „Шкендија“, бараме еднакви услови и на македонските екипи

Градоначалникот на Тетово Билал Касами ќе го реновира стадионот во Тетово, само за потребите на Шкендија, велат од полтичката партија Левица. Тие бараат враќање на Градскиот стадион во единствена сопственост на Општина Тетово со еднакви услови за негово користење и на македонските екипи.

– Во јули 2016 година, „Еколог интернешнл“,  сопственикот на ФК ‘Шкендија’, го презел Градскиот стадион во Тетово под концесија од Советот на Општина Тетово и е обврзан да инвестира 7,7 милиони евра за реновирање на стадионот за да може да биде домаќин на меѓународни натпревари. Но, оттогаш до сега не е реновиран стадионот! Бидејќи обврска на концесионерот е да изврши реконструкција на стадионот, а тоа не го сторил до сега, Општина Тетово требало да го раскине договорот за концесија, а не да го спасува концесионерот од обврските што требало да ги исполни!!

Наместо заштита на спортските клубови и заштита на Градскиот стадион во Тетово, Касами објави дека ќе почне реконструкцијата на стадионот во Тетово, кој практично ѝ припаѓа само на екипата на „Шкендија“!

Поради тоа што Општина Тетово го има дадено Градскиот стадион под концесија и на него игра само „Шкендија“, страдаат македонските женски и машки екипи во фудбал со седиште во Тетово и немаат можност да играат мечеви додека не им дозволи Општината, велат од партијата Левица.

Од таму бараат раскинување на договорот за концесија и враќање на Градскиот стадион во единствена сопственост на Општина Тетово со еднакви услови за негово користење и на македонските екипи.

Претходна вестЧетворица македонски државјани на денешниот список за евакуација од Газа
Следна вестМНР: Петмина македонски државјани чекаат евакуација од Газа преку граничниот премин Рафа