Мерко го има оформено и Меѓународниот универзитет во Струга, познат како Универзитетот на Мерко кој очигледно го оправдува таквото име бидејќи се зборува дека на истиот се штанцаат дипломи, и тоа не било какви- туку за функционери и државни службеници, па дури и за министри за образование, велат од полтичката партија Левица. Од оваа партија прашуваат и дали советниците од СДСМ и натаму ќе му даваат поддршка.
За името на Рамиз Мерко, кој веќе трет мандат е градски татко (очув!) на општина Струга како за типичен изданок на „зелената“ ДУИ се врзуваат бројни афери и корупциски скандали. Во 2021 година Антикорупциска бараше Мерко да биде кривично гонет поради финансиски малверзации потврдени од нивната истрага но и од државните ревизори: сомнителни јавни набавки, нерационално трошење на пренадуениот буџет на презадолжената општина Струга, нелегална продажба на објекти, и секако, скандалозната набавка на луксузно Ауди А6 од 70.000 евра за негово службено возило. Според тогашните изјави на Обвинителството против Мерко биле оформени три предмета, но и до денес ниту еден од нив нема добиено судска разрешница.
Тој и таков Рамиз Мерко го има оформено и Меѓународниот универзитет во Струга, познат како Унивезитетот на Мерко кој очигледно го оправдува таквото име бидејќи се зборува дека на истиот се штанцаат дипломи, и тоа не било какви- туку за функционери и државни службеници, па дури и за министри, па дури и за министри за образование.
На споменатиот универзитет егзистираат факултети од областа на економијата, правото, политичките науки, информатички технологии и- како цреша врз шлагот – Факултет за здравствени науки!
Не е најстрашно што Мерко има универзитет, туку што МОН го има акредитирано истиот. Единствениот просветен инспектор кој се дрзна да ја доведе истата во прашање експресно беше суспендиран и деградиран, па пензиониран. Тоа што актуелниот министер за образование, Јетон Шаќири, е токму кадар од овој „престижен“ универзитет, секако зборува во прилог на „квалитетот“ што се продуцира таму и се шири низ државните институции.
Токму Шаќири прв се огради од Мерко па единствен од функционерите на ДУИ побрза да ја поздрави одлуката на американската амбасадорка за ставање на Мерко на „црната листа“ на САД.
Не многу одамна Артан Груби како врв на цинизмот на ДУИ од Универзитетот на Мерко даде изјава дека епицентарот на животниот успех е во универзитетите. Ако се земе предвид процентот „успешни“ кадри на ДУИ на државни функции и со буџети за тендери, тогаш дал вистинска изјава од вистинско место“, се вели во соопштението на Левица
Од Левица прашуваат и дали само на Мерко му е местото на црните листи и дали советничињата на СДСМ и натаму ќе продолжат да му дуваат ветар во едро на Мерко кревајќи прстенца за поддршка на сите негови скандалозни проекти.