Левица: Трошоците за „Бихтел и Енка“ ќе го изедат македонскиот буџет, од овој проект корист ќе има само власта предводена од ДУИ

Трошоците за „Бихтел и Енка“ ќе го изедат македонскиот буџет, истакнуваат од полтичката партија Левица. Од партијата соопштуваат и дека поднеле Иницијатива до Уставниот суд, алармирајќи на бројните негативни ефекти од изградбата на Коридорите 8 и 10д и на тоа дека овој проект исклучиво е во функција на незаконското работење на власта предводена од ДУИ и спротивен е на јавниот интерес на Македонија.

– Агенцијата за рејтинг „Фич“ предупредува на можни негативни последици од скандалозниот проект за Коридорот 8 и 10Д, иако го потврди кредитниот рејтинг кој е далеку од инвестициски. За оваа година, агенцијата проектира забавен раст на БДП до 1,9 отсто и укажува дека проектот на „Бехтел и Енка“ ќе раскрчмува по два отсто од БДП во следните пет години!

Дополнителните трошоци, поврзани со изградбата на автопатите ќе го зголемат буџетскиот ДЕФИЦИТ, па затоа „Фич“ препорачува приспособување на трошоците и нови мерки.

И покрај бурните реакции во јавноста за номинирањето на контроверзниот американско-турски конзорциум „Бехтел и Енка“ како стратешки партнер за имплементација на проектите, власта ги протна законите за целите на овој проект по СКРАТЕНА постапка. Со тоа се овозможуваат низа даночни, царински олеснувања и привилегии, работно време дури и по 60 часа неделно, а се става во опасност од УНИШТУВАЊЕ и археолошкото и културното богатство на Македонија. Покрај тоа, треба да се изврши експропријација на повеќе од 50 отсто од земјиштето кое е во приватна сопственост, со што ќе се пролонгираат роковите и ќе се зголеми цената на чинење на проектот.

Имајќи ја во предвид досегашната реализација на капитални инвестиции, неспособната власт која на почетокот најавуваше 500 – 800 милиони евра за изградба на делниците, сега веќе проценува дека се потребни над 1,3 милијарди евра. Буџетот дополнително ќе биде оптоварен ако проектите не се финализираат за 4,5 години, како што се случи и со многу други инфраструктурни проекти, за кои народот плаќа огромни ПЕНАЛИ, камати и провизии, поради неспособноста на корумпираната власт.

Левица поднесе и Иницијатива до Уставниот суд, алармирајќи на бројните негативни ефекти од изградбата на Коридорите 8 и 10д. Овој проект, исклучиво е во функција на незаконското работење на власта предводена од ДУИ и спротивен е на јавниот интерес на Македонија, се вели во партиското соопштение на Левица.

Претходна вестНаново треба да се учи што е пешачки премин
Следна вестMaлолетник повреден во автобус во Арачиново, возачот нагло закочил