„Левица“: Вицепремиерот Фетаи се вози на партиски настан со службено возило

Вицепремиерот за добро владеење, Арбен Фетаи, и покрај тоа што во својот анкетен лист има пријавено пет сопствени возила, забележан е како користи службено возило за партиски потреби, продолжувајќи ја праксата воспоставена од Артан Груби, а унапредена од свадбарот Африм Гаши за еклатантни злоупотребувања на службени возила, соопшти денеска „Левица“.

– Токму ова е уште еден скандал од функционерите на „Вреди“, владеачкиот партнер на ДПМНЕ, што деновиве ја разбранува јавноста – ДПМНЕ и ЗНАМ молчат. Ја потсетуваме јавноста дека Арбен Фетаи ниту владее со македонскиот јазик, ниту, пак, пред да стане системски паразит, има живеено во Македонија. Професионалната политичка кариера на Фетаи секогаш му била врзана за интересите на косовските Албанци, како соработник на Албин Курти. Согласно ова, не претставува никакво изненадување тоа што средствата од македонскиот народен буџет ги смета за туѓи. Овие постапки на Арбен Фетаи не само што ја нарушуваат транспарентноста и доведуваат до зголемена недоверба во институциите, туку, исто така, се и противзаконски! Имено, според Законот за спречување на корупција, конкретно во членот 54, наведено е дека „Секое службено лице е должно да ги чува државните средства што му се доверени и со нив да располага на најекономичен начин и за однапред определените намени“, се наведува во партиското соопштение.

Претходна вестМакедонците во Албанија бараат од Тирана да ја забрани фондацијата „Бугарска меморија“
Следна вестТешко повредена девојка, со мопед излетала од патот кон манастирот „Св.Јоаким Осоговски“