Левица во одбрана на студентите и работниците: Предлага закон за ограничување на киирите

Студенти кои одлучиле да студираат надвор од своето место на живеење, работници кои привремено работат во друг град, но и многу млади луѓе што имаат намера да стапат во брак или, пак, млади брачни двојки што не сакаат да живеат во заедница со родителите, а не се во можност да си купат стан, се решаваат за живот под кирија во изнајмени и наместени станови со сета потребна покуќнина, бела техника и мебел. Цените во последните две години енормно пораснаа, и најчесто се движат од 200 до 450 (зависи од нивната местоположба, одржуваност, уреденост).

Цените на кои се жалат оние кои сакаат да изнајмат стан досега беа поставувани по желба и стандарди на сопствениците. ,,Левица” денеска извести дека поднела предлог-Закон со кој би се ограничила цената за изнајмување стан. Нивната објава ја пренесуваме во целост:

Претседателот на Левица, проф. д-р Димитар Апасиев за предлог-Законот за домување:
– Ова е еден, според нас, круцијален закон којшто опфаќа повеќе од половина милион население и се однесува на, популарно или народски кажано, кираџиите. Тоа се многу луѓе во Република Македонија.
На сајтовите на агенциите за недвижности можете да видите фрапантни податоци каде што уредно наместен стан од 50 квадрати достигнува цена по 800, 900 а некогаш и 1 000 евра. Овие проблеми на граѓаните не се новина кај нас, во Европа веќе ги имале и затоа се носени заштитнички закони.

Досега методологијата за утврдување на закупнината е носена со уредба на Влада, односно е под-законска, а не законска материја. Со овој закон се предлага таа да стане законска материја и тоа да биде еден став во Законот за домување. Втората промена, е за куршлусот кој е направен. Иако Владата има право да воведе регулација на кириите и наместо да утврди максимална кирија, нашата Влада утврдила минимална кирија. Кого штити Владата? Ги штити рентиерите наспроти студентите во тие станови, наспроти работниците во овие станови.

Со оваа измена предлагаме да се воведе горна граница на износот на кирија. Оттука, апелираме на вашата совест, бидејќи ова опфаќа многу од населението во Македонија, а истовремено од подзаконска, оваа материја станува материја легис, стои во нивната објава на социјалните мрежи.

Претходна вестПановски: Конечно правда, ова е само почеток за оние кои го злоупотребија моето име
Следна вестМНР воведува двосменско работење на амбасадите и конзулатите поради напливот на барања за нови патни исправи