Само неколку месеци издржа еден од лежечките полицајци поставен кај основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ во скопската општина Аеродром. Убаво беше што ги поставија, но…
Еден од четирите дела на оваа сообраќајно помагало со цел возилата да ја намалат брзината кај училиштето деновиве е исчезнат. Кој и зошто го тргнал делот не е познато.
Вака, сега возилата кои од спортската сала одат кон Новата железничка станица пак можат да поминуваат со поголема брзина и да претставуваат опасност во сообраќајот за пешаците. Дали и кога ова ќе се санира останува да се види.
Патем, ова не е единствен проблем со лежечките полицајци кои се поставени на ова улица „Васил Каранегелески“. И досега, возилата кои се движат во давата правци, најчесто ги „заобиколуваа“ пречките преминувајќи на коловозите по кој одат возилата во спротивна насока иако на средина има две полни линии.
Очиглено, на оваа сообраќајница освен „легнатите“ добро ќе дојде и присуството на исправените сообраќајни полицајци