Лишен од слобода кумановец кој опожари автомбили и деловен објект во Куманово

Министерството за внатрешни работи соопшти дека го лишиле од слобода триесет и петгодишниот Ф.А.(35) од Куманово кој се сомничи дека на 02.12.2024 опожарил три патнички моторни возила и еден деловен објект во Куманово.

-Ф.А. бил приведен и задржан во Полициска станица Куманово и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, соопштија од МВР.

Како што јавија медиумите, вечерта на (1 декември)во Куманово се случиле неколку пожари. За еден од нив, прв на фејсбук информираше членот на Советот на Општина Куманово, Фитор Јакупи кој напиша дека му изгорела неговата приватна канцеларија.

Еден од запалените автомобили беше на јавниот обвинител Џелал Бајрами. За палењето на автомобилот тој се огласи јавно со очекување дека сторителите ќе бидат бргу пронајдени.

Од ДУИ реагираа дека пожарите биле подметнати.

Претходна вестБез вода населба Маџир Маало поради уличен дефект
Следна вестАлонсо со пофалби: Ова ни треба – ваква магична сала и публика