Локализиран пожарот во напуштена куќа во Мичурин

Пожар избувнал денеска во напуштена куќа во Мичурин, на улица Симеон Каврахиров. Командантот на противпожарната бригада Звонко Томески изјави дека пожарот е локализиран и дека во моментов пожарникарите ги расчитуваат остатоците.

-Интервенирано е со две возила и шест пожарникари, рече Томевски, кој вели дека засега не се познати причините за избувнување на пожарот.

Истовремено, пожарникарите денеска интервенираат во пожари над селата Моране и Булачани, каде, како што објаснува Томески, гори нискостеблеста шума. Испратена е по една екипа да ги гасне пожарите кои се на непристапен терен.

–Над село Булачани гори нискостеблеста шума и остатоци од сечени дрвја. Иако е тоа надлежност на Национални шуми нив таму ги нема, вели Томески

Претходна вестПовеќе од 400 луѓе приведени во Русија за време на протестите по смртта на Навални
Следна вестХрватски земјоделци утре ќе протестираат за поддршка на нивните германски колеги