Ако добиените избори од ДПМНЕ за некого значеше надеж, сега уште невселени на „Илинденска“ може да констатираме дека надежта веќе заминува, бидејќи ја однесоа постизборните играрии, кажа денеска пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, во своето излагање на собраниската седница, посветена на избор на нова влада.
-Просто фрапантно е како за неколку дена се изпогазени повеќе работи. Станува збор можеби за некој куса лента, на којашто го нема името на државата, а камо ли нејзиното достоинство, добро и нејзината иднина, истакна Лукаревска.
Таа посочи на две експозеа на некогашниот премиер Никола Груевски во 2006 година и на сегашниот мандатар Христијан Мицкоски.
-Речиси се и исто, само него го нема. Загрижуваат одредни недоречени ветувања во предложената програма, како на пример преиспитување и рационализација на поставеноста и органите на државната управа со можност за спојување и укинување на одредни државни органи, дали новата реорганизација изласана после полноќ и во скратена постапка ви беше потреба за реформа, која ќе биде и соодветно прочистување, рече Лукаревска.
Лукаревска истакна дека за поздравување во програмата на ДПМНЕ е тоа што ќе се продолжат добрите решенија во даночната сфера, во дигитализацијата, во обновливите извори на енергија, во културата, земјоделието, поддршка за иновации, повисок стандард на вработени и на пензионери, нешта кои владата на СДСМ ги издигна на достоинствено ниво.
-Кога ќе не изненадите со ветената една милијарда, не слушнавме ниту збор за неа. Дали се работи за пари од земја која преку коњски скок е инфилтрирана во државата, за што бевме јавно предупредени пред три години. Скокот се случи, да видиме до каде ќе не однесе овој пат, порача пратеничката на СДСМ Сања Лукаревска.