Љупчо Николовски: Или Димова ќе поднесе оставка или јас ќе побарам нејзино разрешување

Ако Димова не поднесе оставка, бидејќи тоа е работа на Управниот одбор на Националната агенција, ќе побарам нејзино разрешување, односно налог за разрешување од надлежниот Управен одбор, изјави синоќа Љупчо Николовски, вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси. Во емисијата на ТВ 21 тој рече дека Димова треба да понесе морална и политичка одговорност, а надлежните институции целосно да го расчистат случајот.

-Ние сме на почеток на преговори со ЕУ ги отвораме сите фондови, пред нас се големи предизвици и затоа законот мора да важи за сите, никој не е недопирлив. Секако постои пресумпција на невиност, но Етичкиот кодекс за чие спроведување сум задолжен јас, а со кој се опфатени членовите на Владата и избраните функционери предвидува и санкции, како и поднесување на политичка и морална одговорност. Со ова разрешување сакаме да пратиме порака до сите дека навистина сме спремни да се бориме против корупцијата, дека немаме двојни аршини, сме добиле огромна чест и одговорност од граѓаните, која мораме да ја оправдаме, изјави вицепремиерот Николовски.

Претходна вестПретежно облачно со повремени врнежи од дожд
Следна вестПо вчерашниот рекорден број на новозаразени Комисијата ќе расправа за нови рестрикции