Љупчо Николовски не знае дали ќе остане во новата влада

Вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, денеска не прецизира дали ќе остане на функцијата и во новата влада.

-Целокупната енергија беше фокусирана на обезбедување на стабилно мнозинство, кое што, ќе ги продолжи клучните процеси, кои што се започнати, а тоа е брза трансформација на општеството, европеизација, односно сето она што го имаме преземено како обврска пред граѓаните. Да не се враќаме назад, туку државата да го заокружи процесот на почеток на преговорите и токму во тој наратив и дух е склучениот договор со Алтернатива и обезбедено стабилно и сигурно мнозинство, кое ќе ги продолжи овие процеси во следните две и пол години, изјави Николовски.

Николовски важи за еден од најблиските соработници на премиерот во заминува Зоран Заев уште од времето кога беше градоначлник на Струмица.

 

изјави Николовски.

Претходна вестДОМ се приклучува на протестот за запирање на градбата кај Холидеј Ин, жителите бараат да престане притисокот
Следна вестЗаев вечерва ќе ги информира владините коалициски партнери за Алтернатива