Мајка ги принудувала своите три деца да питачат, поднесена кривична

Според портпарлот на СВР Охрид, Стефан Димоски против С.Н.(38) од Струга е поднесена кривична пријава поради тоа што ги принудувала своите три малолетни деца да питачат во Дебар. Пријавената ќе се гони за стореното кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.

Но ова не е прв случај каде мајката ги принудувала децата на питачење. Поради истиот основ кривична пријава беше поднесена и против жителка на Струга која ги потикнувала своите две малолетни ќерки да питачат.

Во Дебар редовна е појавата на питачење,  но само на лица од други градови, пред се Прилеп, Струга и Велес, поради што и општина Дебар реагираше и побара соодветни мерки од надлежните служби.

Претходна вестЈП „Македонија пат“: Викендов да се вози внимателно, се најавуваат обилни врнежи снег
Следна вестСкопје в понеделник ќе остане без градски превоз ако вработените во ЈСП не ја добијат декемвриската плата