Мајка и две малолетни деца од Конго пронајдени во камион кај Штип

Мајка и две малолетни деца од Конго се забележани во камион на Царинскиот терминал во Штип. Според извештајот на Секторот за внатрешни работи (СВР)-Штип трите лица биле забележани од возачот на камионот, кој веднаш го пријавил случајот.

– Денеска во 7:10 часот во СВР Штип Н.М.(46) од Гевгелија, кој управувал товарно возило со гевгелиски регистарски ознаки пријавил дека на царински терминал во Штип во товарниот дел од возилото забележал три лица мигранти од Конго, меѓу кои две малолетни, информираат од МВР.

Лицата ќе бидат пренесени во Прифатно-транзитен центар во Гевгелија“, се вели во соопштението од СВР-Штип.

Претходна вестМаж од Скопје одзел пари од обложувалница, осомничен за уште пет други дела
Следна вестПартиите имаат рок до Нова година да се договорат за датумите за избори, а по него ќе ги распише Талат Џафери