Mајка од охридско пријавила дека двајца малолетници ја допирале по телото нејзината малолетна ќерка. За настанот се известени Центарот за социјални работи Охрид.
– Вчера, во 14.20 часот, во СВР Охрид, 32-годишна жена од охридско село пријавила дека во селото двајца малолетници ја допирале по телото нејзината малолетна ќерка, информираат од МВР.
За настанот се известени Центарот за социјални работи Охрид и јавен обвинител по чии насоки се преземаат мерки за негово расчистување, соопштија надлежните.