Мајка пријавила дека двајца малолетници ја допирале нејзината ќерка

Mајка од охридско пријавила дека двајца малолетници ја допирале по телото нејзината малолетна ќерка. За настанот се известени Центарот за социјални работи Охрид.

– Вчера, во 14.20 часот, во СВР Охрид, 32-годишна жена од охридско село пријавила дека во селото двајца малолетници ја допирале по телото нејзината малолетна ќерка, информираат од МВР.

За настанот се известени Центарот за социјални работи Охрид и јавен обвинител по чии насоки се преземаат мерки за негово расчистување, соопштија надлежните.

Претходна вестПритвор за петмина од уапсените во Грчец
Следна вестМВР: Личните карти и возачки дозволи скопјани ќе ги добиваат по пошта