Мајка пријавила во полиција обид за грабнување на нејзината тригодишна ќерка во Ѓорче Петров

Триесет и петгодишна жена од Скопје со иницијали А.Б. вчера во 14 часот во Полициската станица Ѓорче Петров пријавила дека истиот ден околу 13.50 часот во парк во населбата Ѓорче Петров непозната жена на возраст од 45 до 55 години се обидела да ја грабне нејзината тригодишна ќерка.

-По примената пријава и преземените мерки во 16.30 часот, полициски службеници од Полициската станица Ѓорче Петров извршиле службен разговор со лицето М.М.(46), а за настанот е информиран и надлежен јавен обивинител по чиишто насоки лицето М.М. било писмено предупредено, соопшти Министерството за внатрешни работи.

 

 

Претходна вестГалевски: Тука сум да го оправдам повикот, сакаме победи против Естонија и Литванија
Следна вестМуцунски во посета на Чешка, централно место разговорите за перспективата на евроинтегративниот процес на нашата земја