Мајка скрила дека детето е во изолација и го однела на средба со таткото – ја чека казна од 2.000 евра

Судот поведе постапка за мајка која не го почитувала решението за изолација на малолетната ќерка.

Како што се наведува, наместо во изолација од 14 дена, мајката му го дала детето на таткото, без да го извести за изолацијата, а тој се сретнал со детето надвор од неговиот дом. За одредената задолжителна изолација на ќерката дознал кога на неговиот телефонски број, преку апликацијата Вибер му пристигнало решението на Државниот здравствен и санитарен инспекторат.

Надлежниот јавен обвинител му предложи на Основниот кривичен суд Скопје за обвинетата да одреди парична казна од 100 дневни глоби со поединечна вредност на дневната глоба од 20 евра во денарска противвредност.​​

Претходна вестВикенд-прогноза: В сабота дожд, од недела сериозно заладува
Следна вестЗа Османи е полошо што нема напредок во комисијата со Бугарија, отколку што некој член се повлекол