Царинската управа спречи Македонец да отпатува во САД со монети во вредност од 2.359.000 денари. Тој бил затекнат на скопскиот аеродром на излез од државата.
– Во багажот на патникот се забележани сомнителни предмети и при извршениот детален преглед, помеѓу личните работи на патникот пронајдени се стари монети со различно потекло и старост, со проценета нумизматичка вредност од 2.359.000 денари, објави Царинската управа.
Монетите се привремено задржани, а против лицето е поведена прекршочна постапка во надлежното јавно обвинителство.