Македонија чека решение за екстрадицијата на Алил Демири и Африм Исмаиловиќ

Министерот за правда, Игор Филков, на денешната прес-конференција изјави дека се чека исходот од процедурата за екстрадиција на Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, осудени на доживотен затвор за петкратното убиство кај Смилковското езеро во случајот „Монструм“. Филков посочи дека процедурата е во тек и дека се очекува решение секој момент.

Тој потсети дека во октомври имал работна средба со косовската министерка за правда, Албулена Хаџиу, каде било разговарано за случајот „Монструм“.

Од косовска страна било потврдено дека барањата за екстрадиција се процесуирани и дека Министерството за правда на Македонија ќе биде информирано кога ќе има нови информации или решение.

Екстрадицијата на Демири и Исмаиловиќ беше тема и на состаноците на премиерите на Северна Македонија и Косово, Христијан Мицкоски и Албин Курти, во август и октомври. Тие се обвинети како непосредни извршители на убиствата, но и покрај распишаните потерници, досега не се екстрадирани во Македонија.

Претходна вестТаравари колабирал и бил пренесен во болница
Следна вестСообраќајка на „Ленинова“, тешко повреден малолетник