Фудбалската репрезентација на Македонија ги доби ривалите за баражот за пласман на Светското првенство во Катар.
Денешната ждрепка во Цирих одреди полуфинален противник на Македонија да биде Италија, а во евентуалното финале „црвено-жолтите“ ќе играат против победникот од дуелот меѓу Португалија и Турција.
Македонската репрезентација полуфиналето на 24 март селдната година ќе го игра во гости.
Македонија обезбеди место меѓу 12-те селекции кои преку бараж ќе се борат за настап на Светското првенство откако за првпат во историјата заврши едни мундијалски квалификации како второпласирана во групата, веднаш зад неприкосновената Германија.
Евентуалниот пласман на Светското првнество ќе биде прв за нашиот национален тим на мундијалите.
Минатото лето македонската репрезентација првпат беше дел од Европско првенство.