Македонија ќе ја проверува формата пред ЕП против Грција

Привршуват подготовките на најдобрите ракометари на Македонија пред настапот на Европското првенство (ЕП) во Германија, од 10 до 28 јануари. Избраниците на селекторот КиреЛазаров денеска ќе одиграат контролен натпревар против Грција, во СЦ „Борис Трајковски“ во 17 часот.

Овој меч е од отворен карактер, додека утрешниот ќе се одигра зад затворени врати.

Заминувањето на македонските ракометати за Германија е планирано за 8 јануари.
Македонија е во групата А со домаќинот Германија, Франција и Швајцарија. Грците се во групата Ф со Данска, Португалија и Чешка.

Црвено-жолтите претходно беа на подготовки во Стара Пазова, Србија), каде што одиграа и еден контролен натпревар, против Црна Гора, 54:51 (се играа три полувремиња). За Македонија ова ќе биде осмо ЕП. Најдобриот пласман беше забележан во 2012 година, на петтото место.

Претходна вестВперил пиштол кон три лица па пукал во воздух на Бит Пазар, добил обвинение
Следна вестMултимедијален инклузивен предбожиќен настан „Види ме“ во „Дајмонд мол“