Фудбалската репрезентација на Македонија забележа напредок од три позиции на листата на ФИФА. Најновата листа, светската куќа на фудбалот ја објави денес.
Македонија, минатата недела одигра три натпревари во квалификациите за пласман на Светското првенство. Забележа две победи, од кои една над Германија и пораз од Романија.
Македонија сега се наоѓа на 62.место на ФИФА-листата.
Од противниците на Македонија во групата за пласман на СП, Германија има најдобaр рејтинг, 12.место. Романија падна за шест позиции, сега е на 43.место, Исланд е на 52, а Ерменија, која победи на трите квалификациски натпревари, напредуваше девет места и сега е 90.светска репрезентација. На 186.место е Лихтенштајн.
Во Топ 10 има една мала промена, Италија е седма сила, откако ги скокна Аргентина и Уругвај. Лидер на листата е Белгија, пред Франција, Бразил, Англија и Португалија.