Македонија идната година нема да учествува на Евровизија 2023 година. Ова денеска го соопшти директорот на Македонската радио телевизија, Марјан Цветковски. Во изјавата за ММС тој рече дека МРТВ не платила котизација за учество
-Нема да учествуваме на Евровизија. Не сме платиле котизација. Најголем проблем се струјата и големите трошоци, кои ќе ги предизвика патувањето и престојот во Велика Британија. Поради оваа состојба скратени се сите трошоци, па така парите кои требаше да се платат за учество на Евросонг, ги насочивме за плаќање струја, изјави Цветковски.
Ова е првпат по осамостојувањето Македонија да се откаже од учеството на најголемата музичка манифестација во Европа. Од 1991 година до денес на Евровизија не сме учествувале неколку пати поради неисполнување на пропозициите на ЕБУ или не сме успеале да влеземе во финале, па според правилата, сме правеле пауза.