Со завршувањето на циклусот во Лигата на Нации познати се сите шешири во квалификаиите за Светското првенство во 2026 година.
Македонија со добрите настапи и петте победи во шест натпревари со едно реми во групата со Летонија, Ерменија и Фарски Острови напредуваше и стигна до третиот шешир.
Во третиот шешир со Македонија се уште селекциите на: Шкотска, Словенија, Република Ирска, Албанија, Грузија, Финска, Исланд, Северна Ирска, Израел, Босна и Херцеговина и Црна Гора. Ова значи дека со овие селекции не може да играме во иста група.
Од првиот шешир каде што се најсилните селекции на „хартија“ најпосакуван противник е Данска, квалитетен исто така е вториот шешир каде што се селекции како Норвешка, Турција, Србија…
Четвриот и петтиот шешир се репрезентации кои се послабо рангирани, па така во тие дуели и ние би ја имале фаворитската улога. Кога ќе се погледнат шеширите можна е и балканска група со Хрватска, Србија, Македонија, Косово и еден член од аутсајдерите од последниот петти шешир.
Ждрепката за групите е закажана за 13 декември во Цирих.