Македонија по осми пат на Светско првенство, Чешка падна во Скопје

 

 

Сосема заслужено, македонските ракометни репрезентативци вечерва по шести пат се пласираа на Светско првенство откако во Скопје ја победија репрезентацијата на Чешка со 27 : 25. Првиот натпревар во Злин, Чешка заврши нерешено 24:24. Бараж-натпреварот за пласман на СП 2023 година во Шведска и Полска беше неизвесен до самиот крај иако ракометарите на Македонија во најголем дел од мечот имаа предност која во еден момент достигна и четири гола разлика.

Решавачки беа последните пет минути од натпреварот во кои Чешка се доближи до минус еден гол (25-24) после нашите плус три минута претходно. Но, во игра на нерви, двајцата најдобри стрелци Филип Талевски и Филип Кузмановски со два гола го решија прашањето на победникот.

Македонија по стартот на мечот се најде во негатива од 2-4, а после првата голема серија со 5-0 дојде до водство од три разлика и постојано го контролираше мечот, држејќи го противникот на два-три гола разлика, па се до највисоките 20-16 во 41-та минута.

Јунак во нашиот тим беше голманот Митревски со 14 одбрани и клучни интервенции на трипати во клучни периоди, додека вистински лидер на тимот беше Кузмановски со 8 погодоци.  Вечерва Филип Миркуловски го имаше својот последен настап во репрезентативниот дрес.

Фото: ФБ на РФМ

Претходна вестДекларација од Семакедонскиот собор во спомен на Јане Сандански: Бугарија 60 години го дискриминира македонското малцинство
Следна вестИ Стојанче Стоилов најави збогување со репрезентацијата