Македонија по втор пат ќе игра во Златната одбојкарска лига

Одбојкарската репрезентација на Македонија следната година по втор пат ќе настапи во Златната лига, по ланското деби и пласманот на 11-то место меѓу 12 селекции. Форматот на натпреварувањето е променет во однос на претходните изданија и ќе се одржува во три, односно четири викенди.

Македонија ќе биде домаќин на првиот турнир, од 17 до 19 мај 2024-та и ќе игра против Чешка и на Естонија. Наредната недела, од 24 до 26 мај, Македонија ќе гостува во Белгија, каде што ќе игра против домаќинот, и со Азербејџан. На третиот викенд, од 31 мај до 2 јуни, Македонија ќе игра против домаќинот на турнирот Хрватска и Шпанија.

Домаќин на завршниот фајнал-фор турнир трета година по ред, ќе биде Хрватска, од 15 до 17 јуни.

Турнир 1, во Македонија
17 мај: Македонија – Естонија
18 мај: Чешка – Естонија
19 мај: Македонија – Чешка

Турнир 2, во Белгија
24 мај: Азербејџан – Белгија
25 мај: Македонија – Азербејџан
26 мај: Македонија – Белгија

Турнир 3, во Хрватска
31 мај: Македонија – Хрватска
1 јуни: Македонија – Шпанија
2 јуни: Хрватска – Шпанија

Претходна вестАбердин размислува за трансфер на Миовски во Селтик
Следна вестНа роденденот на Ацо Шопов премиера на балетскиот триптих „Молитва на моето тело“ во НОБ