Македонија се „лизна“ една позиција на ФИФА ранг листата, Аргентина е број еден

Македонската фудбалска репрезентација забележа пад од едно место на најновата ранг листа која ја објави Светската фудбалска федерација (ФИФА).

Нашата селекција има 1348.63 бодови што е доволно за 72. позиција на светското фудбалско рангирање, поточно ние сме во европско друштво затоа што од 70 до 75 место се Грузија, Исланд, Црна Гора, Северна Ирска и Босна и Херцеговина.

Кога е во прашање самиот врв нема промени и таму останува Аргентина која пред неколку дена го одбрани трофејот на Копа Америка.

Франција исто го задржа своето место, додека трета сега е Шпанија која благодарение на триумфот на Европското првенство отиде напред пет чекори.

Потоа следуваат Англија, Бразил, Белгија, Холандија, Португалија, Колумбија и Италија која ја затвара првата „десетка“.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: Славјанка Петровска да каже дали луксузната хациенда е уште нејзина или ги крие парите од продажба
Следна вестСДСМ: Лефков како папагал повторува лаги, стравот од Филипче во ВМРО-ДПМНЕ е голем