Триумф со 23:22 остварија синоќа најдобрите македонски ракометари во во вториот пријателски натпревар со Грција што се играше во Солун. Претходно, завчера во првиот меч двете најдобри селекции одиграа нерешено.
Во синоќешниот натпревар избраниците на македонскиот селектор Кире Лазаров остабрија предност во првото полувреме. Грците подобро го отворија натпреварот, по само една минута поведувајќи со 2-0. Првиот гол за Македонија го постигна Велковски во 4. минута намалувајќи на 2-1, а по 14 минути игра резултатот беше израмнет (4-4), а мечот остана израмнет се до 20-та минута кога Македонија поведе со 8:7, а пото аи со 12:9, за да на одмор се отиде со два гола предност за Македонија – 12:10.
Во продолжение, често се играше гол за гол и повторно имаше доста тензија на теренот, но во такви услови подобро се снајдоа македонските ракометари кои направија клучен исчекор со предноста од 22:20.
Во вториот дел, на осум минути до крајот Макњедониај водеше со 20:17, но Грција успеа да израмни. На пет минути до крајот Македонија заигра во клучните моменти, прв погоди Атанасијевиќ, по него и Талески, за предност од 20-22. Грците погодија за 21-22, но следеше брз центар и нов гол на Ѓоргиев, по што Митревски стави печат на победата, на крајот изразена со конечни 23-22, по голот што домаќините го постигнаа буквално во последната секунда од натпреварот.
Нашата селекција, која сега се враќа во Скопје знаејќи дека ја чекаат нови два дуели со Грција на почетокот на месец јануари, но тие ќе се одиграат во нашата престолнина. Натпреварите се во функција на подготовки на двете селекции за ЕП во Германија следната година.
Селекторот Кире Лазарот по натпреварот им честиташе на репрезентативците.
-Очекував вакви натпревари. Мислам дека ова е големо искуство. Ова беше пријателски натпревар, но поради самиот набој повеќе личеше како официјален, малтене како бараж меч. Сакам да им честитам на момците. Видовте дека има добра атмосфера, борбена игра. Победата значеше многу. Тој национален набој треба да го имаме секогаш, мора да го негуваме тоа што малку го имаме, тоа е националниот бренд – нашата репрезентација. Треба да имаме очекувања и амбиции треба, но мора да бидеме некогаш реални и да проценуваме реално. Добро се работи, се прават грешки, но да гледаме да ги исправаме заедно со аргументи, критиката, истата да биде аргументирана. Секој треба да знае да сослуша критика, сите ние учиме тука нема збор, рече Лазаров.