Македонија со еден ракометар помалку во завршната фаза од подготовките за СП

Македонската машка ракометна репрезентација ги продолжува подготовките за претстојното Светско првенство, а селекторот Кире Лазаров реши дополнително да го намали бројот на ракометари со кои располага во оваа фаза.

Денеска стана јасно дека Михајло Младеновиќ нема да ги продолжи подготовките со националниот тим и ќе чека друга шанса за да се наметне за настап на големо натпреварување, па во македонскиот ростер остануваат деветнаесет ракометари.

По секојдневните тренинзи наредниов период, Македонија ќе одигра пријателски натпревар против Хрватска на 8. јануари, по што ќе се фокусира на мундијалските противници.

Нашата селекција ќе игра во Вараждин, а противници во групата ни се Унгарија, Гвинеја и Холандија.

Настапот го започнуваме на 15. јануари против Унгарија.

Претходна вестПронајдено тело на убиен 39 годишен маж во Тетово
Следна вестДиректорот на АНБ, Бојан Христовски доби НАТО сертификат