Македонија со минимална победа над Летонија во Скопје

Македонската фудбалска репрезентација ја победи Летонија со 1:0 во претпоследниот натпревар од групната фаза на Лигата на нации и дефинитивно го потврди првото место во групата и пласманот во поквалитетна Б лига.

Избраниците на Благоја Милевски не ги исполнија очекувањата во првото полувреме, но во продолжението притисокот кон противничкиот гол донесе резултат и тоа во 57. минута, кога во противничкиот шеснаесетник одлично се снајде Никола Серафимов.

Нашиот дефанзивец донесе водство, но фактички го постави и конечниот резултат, бидејќи до крајот немаше промени и Македонија стигна до нова победа во својата група.

Македонија со 13 бодови е убедливо прва и во следното издание на Лигата на нации ќе игра во поквалитетната Б лига, каде ја очекуваат посилни репрезентации.

Групната фаза во Лигата на нации завршува со дуелот Македонија-Фарски Острови кој е закажан за во недела од 15 часот.

Претходна вестТрет обид на бугарските пратеници да изберат претседател на Парламентот
Следна вестОд денеска задолжително поседување зимска опрема